Чудовиштето од Лох Нес е оптичка илузија?
Од појавата на приказната за постоењето на чудивиштето Неси во езерото Лох Нес во Шкотска, се развија голем број теории за неговото потекло, но италијанскиот геолог Луиџи Пикарди сега тврди дека ја успеал да ја реши мистеријата стара речиси 80 години.
Меѓу оние кои веруваат во постоењето на Неси најраширено е уверувањето дека станува збор за плезиосаурус, изумрена водна влечуга, кој се појавува на површината на Лох Нес кога ќе има подземни потреси што ја раздвижат езерската вода.
Пикарди делумно се согласува со ваквата теорија и наведува дека за „појавата на Неси“ е виновна една тектонска пикнатина на дното на езерото. Според него, потресите под езерото резултираат со испуштање на гасови низ тектонската пукнатина Грејт Глен, кои создаваат впечаток на движење на „чудовиште“ низ водите на Лох Нес.
Италијанскиот научник сепак не се потруди да ги објасни фотоградиите и снимките на Неси кои се појавија изминативе децении по неговото прво „забележување“ во 1934 година.