Груевски: Се што имав да кажам кажав во писмото до Самарас

 

Писмото до Самарас е искрена намера за раздвижување на процесот. Јас сум отворен политичар и блефот не е дел од мојата пракса. Премиерот Никола груевски во интервју за Нетпрес вели дека се што имал да каже, стои во писмото испратено до грчкиот премиер

-Се што имав да кажам кажав во писмото. Немам додатен коментар. Одбрав да бидам политичар кој прилично отворено, јасно и недвосмислено ги испраќа пораките, без скриени намери, политички игри или спинови, без трикови и блефови. Тоа што го мислам, јасно го кажувам. Не треба толкувања и толкувачи. Не дека не можам и поинаку, се разбира дека можам, но ова е мојот избор. Му се допаѓало тоа некому или не, вели Премиерот за Нетпрес.

Груевски потврдува дека се уште нема одговор од Самарас но повикува на трпеливост. Според премиерот, македонските евроатлански интеграции се врвен приоритет за Македонија и дека земјата е подготвена да се соочи со сите предизвици и пречки на тој пат.

-Членството во ЕУ и НАТО, и покрај сите неправди кои ни се случуваат, остануваат наш врвен приоритет. Тоа е интерес на Македонија, но и на регионот. Во крајна линија тоа е интерес и на ЕУ и на НАТО. Попречувањата кои ги имаме се наш предизвик со кој мора да се справуваме. Таква ни е кармата. Историски гледано никогаш ништо лесно не сме добиле и постигнале и никогаш ништо не ни било подарено. Се’ е со огромни напори и жртви, со попречувања и попречувачи, а за неправди, пак, да не зборуваме. Но, сме успевале, и ќе успеваме. Еден ден некој ќе се срами од ова што ни го прават., вели Груевски.

Во врска со проектот Јужен Поток Груевски вели дека Рофицијална Москва вчера конечно го прифатила проектот и дека од ден во ден, Македонија има се подобри релации со Русија

-Не мислам дека има некои суштински причини или скриени намери за Јужен Поток. Русија е голема држава и некои работи одат побавно отколку што ние очекуваме. Но, нема задна намера. Најважно е што се заврши се’ што требаше и што самата Влада на Русија го објави тоа и закажа потпишување наскоро. Тоа е историски чин за нас, и  за нашите меѓусебни односи. За Македонија овој нов гасовод ќе обезбеди долгорчна енергетска сигурност, и сега и планираната внатрешната градба на мрежа на гасна инфраструктура добва поголема смисла, вели Груевски.

Последната посета на Кина, Премиерот ја оценува како мошне успешна и корисна. На средбите со новиот кинески премиер на која присуствувале и неколку кинески министри Груевски вели дека било забележано дека Македонија треба да ја засили помоцијата на своите бизнис можности пред кинеските компании

Она што се трудиме да го обезбедиме е наше учество во пакетот од 10 милијарди долари кои Кина ги одреди за подршка на проекти во земјите на Централна и Источна Европа, како и привлекување компании од Кина кои планираат градба на капацитети во Европа. Имавме и други средби, учество на конференција за соработка на Кина со источна и централна Европа, обиди за воспоставување релации за обука на наши лекари за традиционалата кинеска медицина и повеќе други активности, вели Груевски.

Токму засилената промоција на можностите за инвестирање во Македонија, според премиерот се причина, сериозна компанија од Детроит да најави инвестиција во Македонија кој ќе отвори значителен број на нови работни места.

Извор: Нетпрес

најчитано сега