Град Скопје: Новите имиња на улиците се важечки веќе една година

Градот Скопје денеска реагира на дел од информациите објавени во поголем број на медиуми, поврзани со процесот на менувањето на имињата на улиците, булеварите, мостовите и други инфраструктурни објекти во Скопје.

Оттамиу велат дека вчерашното дообјаснување кое го испратија од Градот Скопје, околу настанот организиран од Општина Чаир, било токму во насока на спречување на забуна во јавноста.

 

-Имено, Одлуката за определување и промена на имиња на улици, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје е донесена од страна на Советот на град Скопје, која се случи на 66-тата седница, одржана на 24.06.2012 година. Ова значи дека овие улици се преименувани пред повеќе од една година и не станува збор за носење на некоја нова одлука или за некои дополнителни промени. Овие имиња се важечки, внесени во Централниот регистар на Република Македонија и се официјални веќе една година, стои во реакцијата од Град Скопје.

 

Од Град Скопје реагираат и на информациите кои ги објавија медиумите околу бројот на улици чии имиња се сменети. Оттаму подвлекуваат дека не станува збор за бројка од 300 улици, туку 32 улици и булевари, 2 моста и 1 парк.

 

 

 

 

 

најчитано сега