Петмина тешко повредени изминатиов викенд во Скопје
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 26 сообраќајни незгоди.
Во петокот извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден велосипедист. Се случила и незгода во која со последица тешка телесна повреда се здобил еден пешак.
Во саботата се случиле девет сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник, еден пешак и еден возач на мопед, како и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден пешак и еден возач на мопед.
Вчера извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, тројца сопатници и еден мотоциклист, како и незгода во која со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници.
Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 34 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 32 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 16 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и пет возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. Преземени се и 13 мерки по прекршоци кои најчесто ги чинат возачите на велосипед, мотор, мопеди и мотоцикли.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 87 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа