Ограбена бензинска пумпа во Арачиново - вооружениот и опасен разбојник тргна кон Ченто
Ноќеска околу 1 часот по полноќ, засега непознат разбојник ја ограбил бензинската пумпа „Авија Оил на влезот во скопско Арачиново.
Од полицијата информираат дека разбојникот бил маскиран и вооружен со пиштол, и заканувајќи му се на вработениот, успеал да украде 8.000 денари. Според МВР, разбојникот ги земал парите и заминал кон скопската населба Ченто.
Полицијата трага по сторителот.