Продолжува трендот на намалување на невработеноста

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2015 година, активното население во  Република Македонија брои 956 174 лица од кои вработени се 699 578, а 256 596 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 57.0, стапката на вработеност е 41.7, додека стапката на невработеност е 26.8.

Новите податоци објавени од Државниот завод за статистика говорат дека има намалување на невработеноста. Во првиот квартал од годинава, невработеноста изнесувала 27,3 проценти.

За споредба во вториот квартал од минатата година, невработноста изнесувала 28,2 проценти.

 

 

Оцени ја веста

11.09.2015 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега