По 11 години доаѓа продолжение на „Зона Замфирова“

Единаесет години откако излезе филмот „Зона Замфирова“, наскоро љубителите ќе може да го гледаат вториот дел од овој филмски хит.

Продолжението на „Зона Замфирова“ ќе се снима на Власинско езеро. За потребите на филмот, на површина од три хектари, ќе никне град „Зона Град“, кој се очекува да стане туристичка атракција по снимањето.

Филмот ќе го режира Југ Радивојевиќ и еден американски режисер. Актерската екипа останува иста како и во првиот дел од филмот.

најчитано сега