Жителите на Проевци се жалат: Градоначалникот на Куманово не ги исполнува ветувањата

Зоран Дамјановски е градоначалник кој не ги остварува своите ветувања и кој не стои на својот даден збор пред граѓаните. За Дамјановски граѓаните на Куманово постојат само неколку месеци пред изборите кога му требаат гласови, велат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ- Куманово. Реагираат и жителите на Проевци, кои како што кажуваат, се соочуваат со проблеми како во праисторијата, а градоначалникот на Куманово не исполнил ништо од ветеното.

-Куманово се дави во проблеми, граѓаните на Куманово со соочуваат со голем број на нерешени барања, а Зоран Дамјановски не ги реализира дадените ветувања. Населбата Проевце е еден од многуте примери кои сведочат за неодговорното владеење на Зоран Дамјановски, за нерешените основни проблеми и за неостварените ветувања. Проевце во 2015 година се соочува со огромен број на проблеми, граѓаните во оваа населба живеат како во 19.век, а Дамјановски свесно и смислено ги игнорира граѓаните од оваа населба и ги третира како граѓани од втор ред. И после повеќе години владеење на Дамјановски, Проевце се уште се соочува со основните проблеми, со неизграденета патна инфраструктура и со огромни проблеми во водоснабдувањето. И додека граѓаните на оваа населба се соочуваат со овие проблеми, Дамјановски без ни малку срам и одговорност продолжува со негрижата и неработењето. Тука во Проевце, Дамјановски го нема реализирано своето ветување за изградба на патот од Проевце низ Бејтеви ниви до маркетот Туш. Овој пат Дамјановски го ветуваше пред изборите, но завршија изборите и толку беше од патот и од Дамјановски. Зоран Дамјановски ги вети овие проекти, но како и мнгу пати до сега покажа дека за него дадениот збор и ветување се алатка за манипулација на граѓаните и за остварување на лична корист. На Куманово му е потребен градоначалник кој ќе ги решава проблемите и ќе ги почитува граѓаните, градоначалник од збор кој ќе ги исполнува дадените ветувања и ќе реализира проекти кои се за доброто на граѓаните, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ- Куманово.

Го повикаа градоначалникот Дамјановски да престане со поделбата на граѓаните и да се зафати со решавање на проблемите и реализација на дадените ветувања.

-Според историјата Проевце датира од 1519 година, од тогаш до сега населението се зголемило, а инфраструктурата е останата иста, единствено што има струја. Проевце не бара аеродроми, хелиодроми или не знам што, го бараме основното што ни треба, пат, односно инфраструктура. Мостот што го имаме нема ограда, тука поминуваат деца и можат да паднат. Потоа влезот на Проевци, асфалтот е ископан и не е наместен нов, колите ги испокршивме... Како во праисториско време е, Проевци е како едно слепо црево. Се изградија за во градот пумпни станици за вода, а Преовци нема вода. Пат немаме, вода немаме, а малку да е лошо времето ја снемува и струјата. Не знам која партија или било што, мене не ме интересира партија која да дојде, мене ме интересира да имам основни услови за Проевце. Има тенденција на иселување од Проевци, млади луѓе се иселуваат, ќе се запусти селово, а само километар е од центарот на Куманово, вели Дејан Николовски, жител на селото.

-Градоначалникот ни вети дека ќе ни го направи мостот, но ништо од тоа, Ништо не работи градоначалникот. Ние ставивме дрвен мосто, но тој како да е од пред 200 години, тоа ни е најголем проблем и ни треба трајно решение, вели Вучковски Драгослав, жител на Проевце.

 

 

Оцени ја веста

10.09.2015 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега