Градоначалникот на Валандово се пофали со реализираните проекти

-На последните локални избори кои се одржаа пред три месеци по трет пат ми ја дадовте довербата да ја водам општина Валандово. Тоа значи дека дека во изминатиот период во континуитет продолжи развојот на нашата општина. Продолжуваме со работата таму каде што застанавме, односно продолжуваме неуморно да работиме за да добиеме општина со зголемен стопански пораст, со повисок животен стандард, општина што ќе биде пристојно место за живеење, работа за секој граѓанин и на среќни деца, кои учат во високо квалитетни услови. Со реализација на низа проекти кои успеавме со макотрпна работа да ги спроведеме на терен во изминатиот период, можам да кажам, дека заедно со Вас направивме да биде привилегија да се живее во општина Валандово, да си горд валандовчанец, да си свој на своето, истакна денеска првиот човек на општина Валандово, Николче Чурлиновски.

Тој денеска даде отчет за сработеното и ги наброја проектите кои во последните три месеци ги реализирала општината. Еве што се најде на списокот на проекти на Чурлиновски:

- набавен нов камион за собирање на смет заедно со нови 150 садови за смет

- изградени повеќенаменски игралишта во населените места Грчиште и Раброво

- старт на изградбата на канализациониот систем за отпадни води за населените места Брајковци, Балинци и Марвинци и главен колектор и канализациона мрежа за населено место Марвинци

- нови економични сијалици во сите училишта во Валандово

- поставени нови канделабри за улично осветлување на влезот и излезот на Валандово, Пирава, Брајковци и Балинци а во тек е и поставување на такви канделабри и на влезот и излез на Јосифово, Удово и Марвинци.

- Старт на асфалтирањето на улици во село Пирава

- Распишан е тендер за асфалтирање на улици во градот Валандово

- Старт на изградбата на мултифункциското игралиште во населеното место Чалакли, место населено со турско население

-Сите почнати и реализирани проекти немаше да ги реализирам доколку ја немав вашата поддршка. Во периодот кој следува Ви ветувам дека ќе продолжиме да работиме со исто темпо, чесно и одговорно исто како и во периодот кој е зад нас. Ќе продолжиме да работиме и да ја градиме општина Валандово за подобро утре на сите нас и на нашите деца, за подобар живот на сите граѓани од нашата општина, истакна Чурлиновски.

ФОТО: А1Он

 

најчитано сега