„Не се мачете и спротивставете се на протестите“ - Иванов со совети за Ердоган
Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, му изразил поддршка на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за масовните протести кои го тресеа Истанбул во последниве неколку недели, пренесува агенцијата Анадолија.
Иванов ја изразил својата поддршка за Ердоган на средбата со претседателот на Турската агенција за координација и соработка, Сердар Чам, пренесуваат турските медиуми.
За време на средбата Иванов - Чам, се зборувало и за масовните протести со кои се соочува турскиот премиер. Иванов истакнал дека внимателно ги следи настаните.
-Г-динот Ердоган да не се мачи и да се спротивстави. На сите им е познато дека во вакви настани се мешаат странски држави, кои си прават свои игри. Неговото срце е со нашето, нашето срце е со неговото, рекол Иванов, пренесува агенцијата Анадолија.
Извор: А1Он