Членството на СДСМ незадоволно, Заев да не избира општински претседатели
Незадоволството кај партиското членство на СДСМ не стивнува. Новата одлука на раководството на СДСМ претседатели на општинските организации да избира претседателот Зоран Заев се причина за незадоволните реакции, пишува Дневни
Во измените на Статутот на партијата, кои беа изгласани пред една недела, односно на 15. конгрес на СДСМ, е пропишано само партискиот лидер да има надлежност да ги поставува, но и да ги разрешува претседателите на повеќе од 80 општински организации низ земјава.
Ситуацијата дополнително е збунувачка, нагласуваат членови од скопските општински организации за весникот, бидејќи се` уште никој не знае дали може да се конкурира за ова место, односно никаде нема истакнато како ќе се одвива процедурата.
Членството, велат извори од СДСМ за Дневник, не сака централизација на разграноците по примерот на други партии и сметаат дека изборот на претседатели каков што беше досега е сосема коректен.
Првично, во измените на новиот Статут беше предвидено секој заинтересиран со своја четиригодишна програма да аплицира на „Бихаќка“, но иако веќе се зборувало за отворање двонеделен конкурс, најверојатно оваа процедура ќе се одолжи до завршување на летните одмори.
- Одлуката Заев да ги разгледува програмите, најверојатно, е донесена на последниот Централен одбор, но се` уште не знам што се случува со оваа измена, односно дали е дефинитивна. Никој ништо не зборува за тоа и токму затоа мислам дека повторно ќе има местенки и игри зад грб - вели член на СДСМ од скопска ОО, кој сака да конкурира за претседател на разгранокот за Дневник.
Новиот лидер на социјалдемократите во говорот на конгресот истакна дека токму одредени измени, мислејќи и на оваа, треба да ги расчистат досегашните пазарења во партијата.
-И во партијата на Заев официјално се молчи по оваа измена. Иако новиот лидер на конгресот ги наброи новитетите во Статутот, случајно или не, изборот на претседатели на ОО не го нагласи пред членовите. Од СДСМ потврдија дека измените се влезени во процедура и во секој момент се очекува на веб-страницата да се објави новиот Статут, за секој да може да прочита за што станува збор и истовремено побараа време за да се среди Статутот од правен аспект. По оваа точка, велат избори од СДСМ, имало најмногу несогласувања и меѓу високите членови на партијата на ЦО непосредно пред последниот конгрес, пишува Дневник.
Незадоволството кај партиското членство на СДСМ не стивнува. Новата одлука на раководството на СДСМ претседатели на општинските организации да избира претседателот Зоран Заев се причина за незадоволните реакции, пишува Дневник.