Ана ја пораѓале 13 часа - поради грешка и починало бебето

Ана Јовановиќ доживеала хорор на своето породување. Младата мајка од Смедерево тврди дека во Општата болница Свети Лука во Смедерево поминала низ пекол кога нејзиниот пораѓај траел 13 часа, а при тоа како што вели и го убиле детето. 

По мачното пораѓање кое траело 13 часа, лекарите решиле да и прават царски рез, а нејзиното бебе било извадено со повреди на главата, и за жал им подлегнало на истите. Таа и нејзиниот сопруг Марко велат дека нивното дете ќе им било во прегратка ако не направеле грешка лекарите.

На 17 минатиот месец било утврдено дека бебето добро напредува, но дека се губи плодовата течност. Тоа секако било лош знак, но докторката не превзела ништо. По мачното пораѓање, бебето било неправилно извадено и починало.

Родителите се потиштени, а во исто време и гневни и велат дека ќе ги превземат сите мерки.

 

 

 

Оцени ја веста

09.09.2015 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега