Детали за сообраќајката: Пијаното момче ја однесе младата мајка во смрт

Блаженка Наход, 29-годишната мајка од Србија која загина во страшна сообраќајка и го остави двегодишното синче без родител, замина во смрт поради нејзиното момче кое возело пијано со голема брзина. Се работи за 34-годишниот Владан Чесаревиќ кој управувал пијан со својот автомобил марка БМВ на автопатот во близина на аеродромот “Никола Тесла”. Најпрво удрил во автомобил марка Мазда, а потоа и во камион.

Алкотестот покажал дека тој имал 1,5 промили алкохол во крвта, дознава “Блиц”. 

– Прво, тој негирал дека возел, но оттогаш ја променил неговата изјава – вели за “Блиц” извор близок до истрагата.

Дали е тоа судбина? Му реков: “Синко, ако пиеш, оди со такси, тоа е побезбедно” – со плачлив глас за “Блиц” изјавила мајката на момчето.

Блаженка ќе биде погребана денеска.

 

 

 

 

Оцени ја веста

09.09.2015 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега