Викендов Скопје ќе се спаси од здодевните комарци

Викендов, од 5:30 до 8 часот, ќе се изврши третиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) против комарци, информираат од Град Скопје.

Како што информираат од Град Скопје, третиот наврат на дезинсекцијата од земја (терестрична) против комарци ќе се одвива следната недела, од 8 до 12 јули, од 1 до 5 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, таа ќе се изврши првиот нареден термин, кога временските услови ќе бидат поволни. Во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. 

најчитано сега