МАПАС ќе презентира годишен извештај за пензиското осигурување
Денеска, претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Булент Дервиши ќе го презентира седмиот годишен Извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување за 2012 година.
Според најавите, Извештајот, кој се однесува на 2012 година, покрај описот на карактеристиките на капитално финансираното пензиско осигурување содржи и податоци за капитално финансираното пензиско осигурување, оценка на извршувањето на прописите во областа на капитално финансирано пензиско осигурување, дава детален опис на состојбите во задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување (т.н. втор столб и трет столб), како и за состојби и трендови во пензиската област во светот и други податоци од значење за ова осигурување.