Ќе се менуваат правилата за добивање бугарски пасош - 200.000 Македонци чекаат

Над 200.000 Македонци Чекаат бугарски пасош, оценува Претседателот на парламентарната комисија за Бугарите во странство Румен Јончев.

Бугарскиот портал „segabg.com“ пишува дека пратениците во Комисијата ги разгледуваат мерките со кои ќе се прецизира постапката за утврдување на бугарски корен на лица кои живеат надвор од оваа земја, членка на Европската Унија.

Јончев вели дека очекува министерот да се појави на неговата Комисија следната недела, за да размислат заедно за мерките по прашањето. Инаку пратеникот ќе поднесе амандмани на законот за Бугарите што живеат надвор од земјата, со кои ќе им се овозможат сертификати за потекло да се издаваат и врз основа на нотарски заверена изјава која ќе ги содржи околностите со кои се докажува бугарскиот корен.

 

 

 

 

Оцени ја веста

08.09.2015 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега