Лажела дека ја силувал - сега треба да му плати 90.000 денари

Девојка од Загреб треба да му плати околу 90.000 денари на момче кое лажно го пријавила дека ја силувал. Ваква одлука донел граѓанскиот суд во Загреб откако претходно, Кривичниот суд во постапка која јавното обвинителство ја повело против момчето донел ослободителна пресуда. Момчето поднело тужба за претрпен душевен бол и нанесена штета на угледот.
Имено, пред 6 години, тој заедно со девојката вечерта ја поминувал во еден ноќен клуб во Загреб. Од него заминал заедно со девојката и завршил во блиската шума. Таму тие воделе љубов, а кога си заминала дома, девојката го пријавила во полиција.
Таа на полицајците им го дала само бројот на регистарските таблички на момчето.
Во текот на постапката, било утврдено дека не ја зборува вистината по што момчето било ослободено.

 

 

Оцени ја веста

08.09.2015 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега