Специјална едиција со копии од документи по повод Денот на независноста

По повод Денот на независноста на Република Македонија - „8 Септември“, Државниот архив публикува серија копии од репрезентативни документи од македонското културно наследство.

- Од богатата ризница на архивски материјал избрани се: фрагмент од Евангелието на Лука од 12. век, Решението за прогласување на Илинден - 2 август за народен празник на Македонија од 1944 г., Решението од АСНОМ за заведување на македонскиот јазик како службен јазик во Македонија од 1944 г., Законот за името на Народната Република Македонија од 1946 г. и Декларацијата за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава од 1991 година, соопшти денеска Државиот архив на РМ.

Ексклузивната серија, изработена на „фабијано“ хартија, е прва едиција од овој вид наменета за промовирање на македонската историја во земјава и во странство. Сите заинтересирани ќе можат да ги набават овие ексклузивни копии по пристапни цени во Државниот архив на Република Македонија, се вели во соопштението.

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега