Тамара утре ќе “грми“ во Колосеум

 

По баладата која го одбележа последното издание на „Макфест“, „Готово е“ и песната „Залудно е“ од „Скопски фестивал“, следно што ќе слушнеме од Тамара Тодевска е енергичната песна со брз и остар ритам, „Само сакам да е“.

Песната е дело на композиторот и продуцент Бертан Аслани, додека за текстот е одговорен познатиот рапер Тони Зен. Тамара деновиве работеше и на видеозапис за новата песна, со кој македонската јавност ќе се запознае за неколку дена. 

Со „Само сакам да“, ексклузивката на „Горила продукција“ го најавува нејзиниот следен албум. По тој повод, во сабота, 6. јули, Тамара заедно со повеќе од 8 музичари ќе ја стресе сцената во летната дискотека „Колосеум“. Енергичната македонска пејачка ќе ја потсети публиката на нејзините најголеми хитови, а ќе изведе и неколку нови музички проекти. 

Како специјални гости на концертот на Тамара ќе се појават Тони Зен, Влатко Илиевски и Роберт Билбилов.
Влезниците за концертот се веќе пуштени во препродажба, по цена од 200 денари. Нив можете да ги најдете во Југотон, Камарад Растор, Цвеќара Розе Веро 2, како и сите продажни места на МК - Тикетс. На врата влезниците ќе чинат 250 денари.

најчитано сега