Фолкерот ги изненади сите - Аца Лукас ја менува професијата

Фолк пејачот Аца Лукас заедно со најблиските соработници Саша Мирковиќ и Томи Жугиќ го купиле „Спорт“, најстариот спортски весник на овие простори.

Се шпекулира дека пејачот го купи весникот за околу 80.000 евра.

Сите пари од последниот настап Аца ги вложил во оваа работа, по препорака на менаџерот Саша, кој смета дека тоа е најдобра инвестиција за нив, пишува српски Ало. Инаку се шпекулира дека Аца наводно ќе биде и директор на весникот.

Фолкерот е заинтересиран за спорт уште од детството, а посебно за фудбал. Бил во управата на неколку српски фудбалски клубови. До 2013 година бил член на собранието на ФК Црвена Ѕвезда, а потоа стана претседател на ФК Тимок од Зајачар.

 

 

Оцени ја веста

03.09.2015 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега