Околу 3.500 мигранти влегле во Македонија во изминатото деноноќие

 Со пет специјални возови околу 3.000 мигранти во текот на изминатово деноноќие биле превезени по железнички пат од платформата кај прифатниот камп во Гевгелија до кампот во Табановце.

Утрово на платформата кај кампот на утовар чекаше првиот воз за денеска, а на железничката станица во Гевгелија на повик за превоз на мигранти подготвено чекаат уште два воза, информираа од железничката станица.

Според проценката на УНХЦР, во текот на вчерашниот ден од Гевгелија кон Табановце заминале околу 3.500 мигранти, од кои поголемиот дел биле превезувани со воз, а помал дел со автобуси и такси возила.

Според нив, работите на терен во прифатниот камп се одвиваат беспрекорно од страна на сите чинители вклучени во справувањето на бегалската криза, а постигнато е високо ниво и во организацијата на транспортот на мигрантите кои веднаш по евидентирањето заминуваат од јужната кон северната граница на Македонија.

 

 

Оцени ја веста

03.09.2015 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега