Во пожарот во светиниколско изгорени 100 хектари шума и сува трева

Во огнената стихија по големиот пожар меѓу светиниколските села Ѓуѓанци и Павлешинци изгорени се над 100 хектари шума и сува трева, од кои, според командирот на Противпожарната единица од Свети Николе, Зоран Трајчев, пеплосани се над 30 хектари борова шума.

Поради огнените јазици покрај регионалниот пат Свети Николе – Куманово и густиот чад, помеѓу 14:30 часот и 15:30 часот, опожарено е возило со радовишки регистарски таблички, а две возила од кои едното со кумановски, а второто со светиниколски таблички директно се судриле. Во оваа несреќа едно лице е потешко повредено, а две лица се со полесни повреди и се веднаш хоспитализирани во болницата во Куманово.

Трајчев вели дека пожарникарите исто така спасиле и една викендичка во близина на селото Павлешинци

Во гаснењето на овој пожар ангажирани се канадерите, над 40 пожарникари од Свети Николе и Куманово, доброволци пожарникари, вработени во „Македонски шуми“ , Јавното комунално претпријатие од Свети Николе, мештаните, вработени во општина Свети Николе и од Центарот за кризи.

Според Трајчев, причина за овој пожар во светиниколскиот регион е запалено стрниште од несовесен земјоделец.

- Ги повикувам инспекторите да излезат на терен и да го спречуваат палењето на стрништата на овие високи температури и суша бидејќи, како што гледате, денеска имаме голема катастрофа токму поради запалено стрниште, вели Трајчев.

Според пожарникарите, дојавата за пожарот помеѓу светиниколските села Ѓуганци и Павлешинци била околу 10:30 часот.

Во моментов пожарот е под контрола за да не се прошири на околните места

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега