Средношколки во шок - војник се соблекол пред нив

Драгован Белоица, војник во српската војска и татко на три деца, е уапсен бидејќи бркал две девојки со соблечени панталони и им го покажувал половиот орган.

Според српски Блиц 44-годишниот војник најверојатно ќе лежи во затвор три години.

Манијакот во близина на трговски центар забележал две девојки, на возраст од 16 години. Им се приближил и им дофрлувал вулгарни зборови. Тие се уплашиле и почнале да бегаат, но тој продолжил да ги брка.

Тинејџерките уплашени, извикувале за помош, а тогаш Драгован ги соблекол панталоните и им го покажал половиот орган. Тогаш девојките уште погласно барале помош, па војникот избегал во својот автомобил, но за среќа во близика имало полиција.

Манијакот е уапсен, а се бранел со изговор дека сакал да врши мала нужда.

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега