Пуштена во употреба нова училишна зграда на ОУ „Живко Брајковски“

Новата изграденото училиште „Живко Брајковски“ во општина Бутел денеска свечено беше пуштена во употреба. Новото училиште има 25 училници, целосно нова опрема, нови кабинети, трпезарија и библиотека и е со капацитет за 800 ученици.

На свеченоста присуствуваше и премиерот Никола Груевски која им го честиташе почетокот на учебната година на сите ученици, а новото училиште според него претставува најубавата честитка.

Тој посочи дека изминатите години како Влада даваат силна поддршка на младите и подобрување на нивниот живот.

-Од 2006 година до 2015 инвестиравме повеќе од 50 милиони евра. Целосно се изградени 70 нови училишта и 350 се комплетно реконструирани. Дополнително започнавме со изградба на училиште во Кисела Вода, а во завршна фаза е ново училиште во Сарај, се работи на доградба на 2 училишта во Ѓорче Петров  и во Велес, а во тек е и акциски план за реконструкција и санација на дополнителни 45 училишта низ Македонија кои е планирано да завршат до крајот на оваа година, рече Груевски.

Додаде дека со овие проекти се реконструирани 395училишта и 74 ново изградени училишта  во Р. Македонија до крајот на оваа година.

 ТОј потенцираше дека никогаш повеќе немало толку инвестиции во македонските училишта и старите монтажни бараки кои беа изградени после земјотресот во Скопје во 1963 година заменети со сосема новоизградени училишта.

-Поминаа 50 години од кога се изградени овие монтажни училишта и некој не смогна сили да изгради нови училишта на местото на старите дотраени бараки во Скопје. Оваа Влада сврте нов лист во таа лоша традиција. За само неколку години на местата на старите бараки се изградија новите училишта, истакна премиерот.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој во ОУ „Живко Брајковски“ го почнал образованието, потенцира дека нема подобар момент за почеток на учебната година од пуштање во употреба на ново училиште.  

-  Низ „Живко Брајковски“ поминаа многу генерации и се школуваа  голем број ученици. Во целиот период, во сите  овие децении, независно што условите не беа којзнае какви продолжи да произведува квалитена настава и да ги образува децата што  живеат во Општина Бутел, наведе Ставрески.

Од денеска, нагласи, 800 дечиња од Општина Бутел ќе имаат исклучително добри услови и немаат причина да не учат. - Така се договоривме со децата, од денеска па натаму ќе учат дополнително повеќе, а наставниците секако  имаат мотив повеќе да ја  вршат наставата во вакви добри услови, рече Ставрески. 

Градоначалникот на Општина Бутел Петре Латиновски наведе дека за првата фаза во изградбата на училиштето Општина Бутел инвестира 40 милиони денари, по што се продолжи со финансиите обезбедени преку проектот на Министерството за финансии.

- При изградбата се запазени сите стандарди како при изградба на објектите во развиените држави, наведе Латиновски.

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега