Исламистите се убиваат меѓу себе

Терористичката ИД во Мосул убија свои другари кои планирале преврат во групата, со цел соборување на лидерот, изјави за „Прес ТВ“ портпаролот на Демократската партија на Курдистан Саид Мамузини.

Во близина на затворот во Мосул биле стрелани 112 припадници на ИД, од кои 18 биле команданти. Егзекутираните членови на ИД планирале да го убијат самопрогласениот гувернер на Мосул, Абу Абдул Маџид Афар и да ја заземат власта во северната ирачка провинција Ниневија и да и објават војна на ИД.

ИД киднапирала и неколку десетици жители на Мосул. 

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега