ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Исламистите со синџири врзаа четири шиити и живи ги запалија

Припадниците на Исламската држава објавија ново пропагандно видео во кое прикажаа уште еден од своите варварски чинови, а жртви беа четвроица шиити, пренесува Република.

На петминутната снимка се гледа како џихадистите со синџири врзуваат четири борци на шиитите, а потоа живи ги палат.

Жртвите носат портокалови комбинизони, препознатливи за затворениците на Исламската држава, а идентификувани се како борци на провладините сили на Народната мобилизација од југот на Ирак. Заробените шиити биле принудени да ги признаат своите „злосторства“ пред камерата.

-Сега дојде до одмазда… Ние ќе ги нападнеме како што тие нас нè напаѓаа и ќе ги казниме како што тие нас нè казнуваа – вели маскиран џихадост на видеоснимката за која не е познато каде е снимена, ниту на кој датум.

Масовните погубувања на териториите под контрола на ИСИЛ во Ирак и во Сирија, вклучувајќи отсекување глави, стрелање, давење и палење, често се снимаат и се објавуваат на интернет.

Најновото во низата погубувања беше одмаздата поради фактот дека ирачката војска убила неколку припадници на Исламската држава.

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега