Во средните училишта во Скопје запишани 5.768 ученици - Трајановски им посака успех

 Во средните училишта во Скопје во прва година се запишани и им започна првата година на 5.768 ученици. Добредојде денеска им посака градоначалникот на Град Скопје со посета на СУГС „Панче Арсовски“ каде се запишани 121 ученик. 

Градоначалникот Трајановски на учениците им посака успех во совладувањето на наставните содржини и многу убави спомени од средношколските клупи.

- Денеска почнува новата учебна година, а на учениците запишани во прва година им посакувам што полесно да се вклопат во новата средина и да постигнуваат успех во учењето, истакна Трајановски

Тој додаде дека за време на распустот се обновени и реконструирани објекти на девет средни училишта што се во надлежност на Градот Скопје. - СУГС „Панче Арсовски“ доби нова фасада, а беше реконструиран и оштетениот покрив, а во другите училишта се заменуваа прозорците и вратите, се обновија подовите во училниците и во  фискултурните сали, се  реконструираа санитарните јазли, како и дворните површини. Градот Скопје за реализација на овој проект од буџетот издвои околу 31,3 милиони денари, рече Трајановски  и истакна дека од 2009 година до 2015 година, Градот Скопје за реконструкција и санација на средните училишта од Буџетот има издвоено над 220 милиони денари, со што, смета градоначалникот значително се подобрени условите за работа и на учениците и на наставниот кадар

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега