Во Куманово учебната година ја почнаа 17.000 ученици

Во Куманово денеска почна учебната година за околу 17.000 ученици од кои 6.000 во петте средни и 11.000 ученици во шеснаесет  основни училишта. Раководителот на секторот за образование Жика Крстевски информираше дека во прво одделение денеска тргнале на училиште 1.183 ученици.
 
- Ова не е конечна бројка, уписот се уште трае и ги чекаме родителите кои се на сезонска работа во соседните држави или во други региони од држвата да ги запишат своите деца на училиште, изјави Крстевски.
 
Во средните училишта во прва година тргнале 1.340 ученици, согласно бројките на завршените деветооделнци.
 
Од секторот за образование од Општина Куманово информираа дека посериозни интервенции во однос на инфраструктурата има во основните училишта „Браќа Миладиновци„ во истурената зграда кај Соколана, во „Бајрам Шабани„, „Толи Зордумис„ и во земјоделското „Киро Бурназ„
 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега