Продолжува караванот „Купи куќа, купи стан“

Караванот „Купи куќа, купи стан“ што го организира Министерството за финансии утре ќе биде во Штип. Презентацијата за поволностите на проектот ќе се одржи во општинската зграда во 17:30 часот. 

На презентацијата ќе учествуваат и градежни фирми од Штип кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.

Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, меѓу кои Охрид, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово и Тетово.

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега