ГДОМ: Опозиционерите кои и наштетија на Македонија, сега конечно ќе си ја заслужат платата

Граѓанското движење за одбрана на Македонија утрово со дел од своите поддржувачи се собра пред македонското Собрание по повод враќањето на опозицијата во Законодавниот дом.

Професорката Виолета Ачковска рече дека ГДОМ го поддржува враќањето на СДСМ и дека опозиционерите конечно треба да си ги заработат парите кои со месеци ги земаа со неработење.

-Сметаме дека враќањето  на опозицијата во парламентот е голем чин. Сметаме дека конечно пратениците на опозицијата ќе си ги заслужат оние плати кои ги примаа досега без да одработат во парламентот. Сметаме дека во иднина сите проблеми ќе се решаваат во институциите на системот бидејќи во претходниот период беше направена огромна штета на македонската држава, не на власта, не на ВМРО-ДПМНЕ, туку на Македонија со нејзиното дестабилизирање речиси бевме доведени на работ на војната и се надеваме дека парламентарците од опозицијата  ќе покажат свест за државотворност и ќе работат за интересот на државата, а не за својот и интересот за партијата, рече Ачковска.

Аналитичарот Александар Пандов кој исто така е член на ГДОМ рече дека се собрани да го искажат она што и претходно го говореа.

- Она злосторство што го направија, криминал што го направија кон македонскиот народ, кон македонските гласачи и македонските институции, да не го работат она за кое што беа избрани, а да зимаат плата во огромни суми, преку 50 милиони денари имаат “лапнато“ од македонските даночни обврзници...За тоа немаат направено ништо, еден час немаат одработено. Тоа не памтам дека во Македонија досега се случило, рече Пандов.

Граѓаните преку транспаренти им испратија пораки до пратениците на СДСМ.

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега