Прилепчани сакале да возат во странство - немаат положено возачки испит

Полициската станица во Прилеп поднесе кривични пријави против И.А. (40) од село Дебриште и Д.Р. (32) од Прилеп, бидејќи користеле исправи со невистинита содржина.

Пријавениот И.А. во Сојузот на возачи на Македонија – Прилеп извадил меѓународна возачка дозвола за „Б“ и „Ц“ категорија, приложувајќи национална возачка дозвола, за која по преземени мерки и извршено вештачење утврдено е дека истата е фалсификат и дека пријавениот нема положено возачки испит.

Лицето Д.Р. во Центарот за возила „Прва“-Прилеп извадил меѓународна возачка дозвола за „А“, „Б“ и „Ц“ категорија, приложувајќи национална возачка дозвола, за која по преземени мерки и извршено вештачење утврдено е дека истата е фалсификат и дека пријавениот нема положено возачки испит.

 

 

Оцени ја веста

31.08.2015 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега