Бомбаш-самоубиец уби 12 полицајци во Авганистан
Бомбаш-самоубиец кој носел на себе полициска униформа, уби 12 луѓе откако упадна во полициска менза во централен Авганистан.
Портпарол на Владата во провинцијата Урузган изјави дека властите вршат истрага како напаѓачот успеал да мине низ три контролни пункта и да влезе во мензата.
Според авганистански медиуми, 12-те убиени се припадници на авганистанската национална полиција. Во нападот ранети се пет луѓе.
Во друг напад денеска, бомбаш-самоубиец активираше експлозив на граничен пункт на авганистанско-пакистанската граница во окугот Спинбулдак во јужната провинција Кандахар. Во нападот загинаа две лица и осум се ранети.
ФОТО: Региони.мк