Македонец избран за заменик градоначалник на албанската метропола

Македонец по потекло од Голо Брдо е втор човек на албанската метропола, пренесе МИА.

По превземањето на функцијата градоначалник на Тирана од страна на Ерион Велиај, од Социјалистичката партија, за негов заменик е наименуван Арбјан или како што пријателите го нарекуваат Арби Мазнику.

Веста ја потрвдија претставници на македонските асоциации во Албанија, кои оценуваат дека тоа е многу значајна функција и придобивка за многубројната македонската заедница во Тирана.

Марзнику живее во Тирана, но потекнува од селото Врмица, област Голо Брдо.

Ова не му е прва висока функција. На новата должност доаѓа од местото заменик министер во Министерството за образование и спорт.

 

 

Оцени ја веста

26.08.2015 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега