Ќе се формира Заедница на српски општини - САД го поздрави договорот меѓу Србија и Косово

САД го поздравија денеска постигнувањето на важните договори меѓу Белград и Приштина во Брисел и ја пофалија посветеноста на двете страни во овој процеси, пишува МИА.

- Постигнувањето договори за формирање Заедница на српски општини, телекомуникациите, мостот на Ибар во Косовска Митровица и енергетиката, ќе го подобрат живот на граѓаните и во Србија и на Косово, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Официјален Вашингтон ги пофали двете влади за постигнатиот напредок во исполнување на обврските од договорот во Брисел, со што се приближуваат кон нормализирање на односите и приклучување кон ЕУ.

Во соопштението се додава дека САД силно го поддржува настојувањето на ЕУ за завршување на дијалогот.

 

 

Оцени ја веста

26.08.2015 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега