Вучиќ: Потпишани сите четири договори со Косово

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека денеска во Брисел се потпишани сите четири договори за Заедницата на српски оштини на Косово, за енергетика, за телекомуникации и за мостот на Ибар во Косовска Митровица, оценувајќи ги како добри договори што гарантираат безбедност и опстанок на Србите на Косово. 

- Вечерва е воспоставена Заедница на српски општини. ЗСО ќе има широки овластувања, претседател, потпретседател, собрание, совет, грб и знаме. Ќе може да се финансира од Србија, и тоа е недвосмислено кажано дека Србија има право на тоа, нагласи Вучиќ во изјава за РТС. 

Според Вучиќ делегацијата на Србија завршила добра работа и дека сите договори ќе бидат објавени. 

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини го оцени денеска потпишаниот договор меѓу Белград и Приштина како значајно достигнување во процесот на нормализирање на односите. 

- Четирите договори потпишани по долгите целодвени разговори меѓу Србија и Косово се значајно достигнување во процесот на нормализација, објави Могерини на својот Твитер профил.

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега