Легализација на дивоградби и проширување на гробиштата во Ѓорче

 

Во Општина Ѓорче Перов ќе се прошири просторот на гробиштата, а ќе се овозможи и легализација на дивоградбите кои се наоѓаат десно од железничката линија во правец кон Тетово.

Ова, како што соопшти Општина Ѓорќе Петров, е овозможено со усвојување на предлог одлуките за утврдување на нацрт детални урбанистички планови за градските четврти С3 10 и С3 11, од страна на Советот на Општината. 

Со донесување на С3 10 ќе се овозможи проширување на постоечкиот простор на ѓорчепетровските гробишта, со што ќе биде решен еден од проблемите за граѓаните на општината Ѓорче Петров кој со зголемување на општината и евидентното зголемено населување од другите градови во Ѓорче Петров досегашниот простор на локалните гробишта не можеше да ги задоволи потребите на оние кои имаат потреба од такви услугите.

Со деталниот урбанистички план С3 11, се овозможува десно од железничката линија во правец кон Тетово, да се легализираат нелегално изградените објекти кој во овој дел ја надминуваат бројката од 200

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега