Собранието ќе расправа за законите за намалување на казните

 

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 64. седница на која на дневен ред се измени и дополнувања на повеќе закони по скратена постапка од областа на земјоделството, шумарството, здравството, труд, внатрешни работи и други со кои се врши усогласување со одредби на Законот за прекршоци.  

Пратениците треба да ја констатираат потребата за носење на измените и дополнувањата на Законот за идентификација и регистрација на животните, на Законот за безбедност на храната за животни, на Законот за сточарството, на Законот за нуспроизводи од животинско потекло, на Законот за виното, на Законот за заштита и благосостојба на животните, на Законот за органско земјоделско производство, на Законот за ветеринарно - медицински препарати и други, по скратена постапка. 

На дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, на Законот за хемикалии, на Законот за прекинување на бременоста, на Законот за прекурзори, на Законот за јавно здравје, на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност и други сите по скратена постапка.

Пратениците треба да се изјаснат за измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, на Законот за спречување и заштита од дискриминација, на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, на Законот за употреба на знаковниот јазик, на Законот за инвалидски организации, на Законот за вработување и работа на странци, на Законот за семејството, на Законот за социјалната заштита, на Законот за употребата на македонскиот јазик, на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, на Законот за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата, на Законот за јавните собири, на Законот за оружјето на Законот за азил и привремена заштита и други, сите по скратена постапка

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега