Подгответе се за големо невреме - од утре повторно “ноември“ во Македонија

 

Под влијание на нестабилна воздушна маса наредните денови во Македонија во попладневните часови ќе преовладува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.

Поинтензивни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден кога локално се предвидува да наврнат над 30 литри на метар квадратен дожд, а можна е и појава на град и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 11 до 31 степен.

Во недела, минималната темература ќе биде од 12 до 18, а максималната од 24 до 33 степени. И во следните денови од идната недела времето ќе биде променливо со температури кои ќе се движат од 13 до 34 степени. 

најчитано сега