Дел од општини викендот ќе останат без струја
Поради технички зафати во електросистемот без електрична енергија утре и задутре ќе останат делови од Бутел, Гази Баба, Илинден и Карпош.
Утре без електрична енергија во период од 7 до 12 часот ќе останат корисниците од дел од населбата Бутел, Љуботенски пат во општина Бутел и корисниците во селата Смиљковци, Црешево и Булачани во општина Гази Баба.
Во недела од 6:30 до 8:30 часот ќе останат дел од корисниците од дел од населеленото место Илинден во општина Илинден и населеното место Јурумлери во општина Гази Баба. Во периодот од 8:30 до 15:30 часот ќе останат корисниците на дел од објектите во комплекс Св. Јован во населба Злокуќани во општина Карпош.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа