Пораз на македонските кошаркари

 

Македонската кошаркарска репрезентација го доживеа и вториот пораз на Хуавеи турнирот во Литванија. Oвој пат подобра беше селекцијата на Турција која победи со убедливи 85-68 (22-20, 29-20, 19-14, 15-14).

Македонскиот национален тим го одигра најлошиот натпревар во подготвителниот период за Евробаскетот 2015. Во најголем дел нашата селекција имаше тешкотии во организацијата на нападот и пренесувањето на топката на противничката половина, па заслужено победата отиде кај Турците.

Во финалниот натпревар на турнирот, Хрватска беше подобра од домаќинот Литванија со 72:59 со што го освои првото место.

По овој турнир, македонската репрезентација патува за Шпанија, каде ќе одигра две контролни средби против „црвената фурија“.

 

 

Оцени ја веста

19.08.2015 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега