Утре кичевчани на протест против Фатмир Дехари
Кичевчаните кои беа отпуштени од своите работни места откако на градоначлничката функција дојде Фатмир Дехари, заедно со своите семејства и граѓаните на Кичево, утре во 11 часот ќе протестираат пред општинската зграда, јавува Курир.
Нивната реакција следи откако минатата недела беа отпуштени работници вработени со договор на дело со образложение за превработеност иако во пожарната има потреба од пожарникари. Беа отпуштени исклучиво Македонци иако со договор има и Албанци.
Кичевчани ќе го изразат своето незадоволство од отпуштањата по етничка линија кои само во изминатава недела оставија над 15 лица без работа