Капиталци „крап“ се ловат во Дебарско езеро
Дебарските рекретивни риболовци деновиве имаат богат улов на риба од видот „крап“, тешки и до 15 килограми.
- Има многу дебрани кои имаат уловено големи парчиња „крап“ во Дебарско езеро. Тешки се и до 15 килограми. Како годинава мислам дека оддамна немало толку риба, вели Неат Сарачи кој уловил капиталец тежок 15 килограми.
Мајсторијата во риболовот продолжува да ја потврдува Александар Стефаноски. Тој за неколку дена уловил шест парчиња крап, од нив две се тешки по девет и единаесет килограми, а другите четири, шест, седум килограми...
Дебарските рибари се надеваат дека пополека се враќа, како што велат стариот сјај на езерото, кога станува збор за неговиот богат рибен фонд.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа