Еврозоната ја деблокира првата транша од помошта за Грција
Министрите за финансии од еврозоната одобрија вечерва деблокирање на првата транша од помошта за Грција што ќе овозможи до утре да плати 3,4 милијарди евра долг кон Европската централна банка. Тоа го соопшти Европскиот стабилизациски механизам.
Админстративниот совет на ЕСМ составен од министри за финансии од 19-те членки, ја одобри програмата за Грција, се вели во соопштението. Грција итно ќе добие 23 милијарди евра, изјави за западни медиуми извор од ЕСМ.
Оцени ја веста
19.08.2015 - 21:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа