ВИДЕО/ФОТО: Наизглед обична куќа а во својата утроба крие една од најчуваните тајни на Југославија
Куќата се наоѓа во шума, во близина на споменикот Петрова гора, во Хрватска. Однадвор изгледа како и која било друга куќа, но длабоко во закопините се крие една од најчуваните тајни во Југославија.
Сите простори меѓусебно се одвоени со прегради и вратите со ударни вентили за случај на атомска експлозија. Во задниот дел се наоѓа бетонска врата од 40 тони која може да биде отпорна на нуклеарен атомски бран.
Во случај на војна или природни непогоди, изградени се радио станици кои би требало да ги превземат државните комуникации. Ова е особено скриено, за да целосно се заштити доколку би дошло до окупација.
Интересно е дека лифтот не се движи нагоре, на спратовите, туку надоле во засолниште, каде може да се живее дури три месеци без да се излезе надвор, затоа што има доста филтери кои обезбедуваат сосема доволно кислород за тој период.
Куќата е вкопана длабоко во дупка, а пензионираниот бригадир Златко Цишпер објасни дека се простира на дури 2000 квадратни километри низ целиот простор – електрична централа, просторија за спиење, просторија за деконтаминација.
На другиот кат од подземјето се наоѓа и радио соба огромна антена, а постои и посебна просторија во која се наоѓаат само агрегати за производство на електрична енергија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа