За два дена во Велес собрани 207 крвни единици

 

Во летна традиционална акција за доброволно дарување на крв, која во Велес по 22-ри пат ја организира Општинската Организација на Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, вчера и денеска собрани се вкупно 207 крвни единици.

Д-р Бојан Тодоровски од Институтот за трансфузиона медицин изјави дека вчера биле собрани 106 , а денеска 101 крвна единица.

- Акцијата ја оценуваме како успешна, а се должи на хуманоста пред се на повеќекратните велешки крводарители, кои секогаш се дел од ваквите хумани акции, посебно во летните месеци кога има недостиг на крв.Треба да се забележи дека меѓу крводаритеите имаше и млади,а и 15-тина кои за првпат даруваа крв, станаа членови на Друштвото на хуманите-крводарителите,потенцира д-р Тодоровски.

За првпат годинава крв друваше и 19-годишниот Никола Тасев од Велес. - Прекрасно е чувството да почувствуваш дека си хуман, она на што не учеа во училиште сега го применив во пракса. Се чувствувам гордо бидејќи мојата крв се надевам ќе спаси нечиј живот во опасност, рече Тасев.

Собраните крвни единици кои се складираат во Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, како што информира д-р Тодоровски, ќе бидат наменети за лекување на пациентите во скопските клиники и болниците во земјава.

 

 

Оцени ја веста

19.08.2015 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега