Пејачот со македонско потекло имал страшна сообраќајка - има загинати

Пејачот со македонско потекло кој се натпреваруваше на Икс-Фактор, Урош Туркулов, доживеал тешка сообраќајна несреќа.
Тој се здобил со тешки телесни повреди, а за жал во таа незгода починаа две лица.
Кобната сообраќајка се случила ноќта помеѓу 08 и 09 август на магистралниот пат Колашин – Мојковац во местото Требаљево во Црна Гора, кога возило од марката Сузуки влегло во спротивната насока и дошло до директен судар со возилото на Урош кое застанало пред сударот.
Нашиот Урош во тој момент спиел на задното седиште.
-Сега сум добро имам неколку скршени пршлени, повреди на носот и градите, но сепак после деталниот преглед и брзата интервенција сум во добра состојба и добро заздравувам, рекол Урош.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа













