Вестервеле: МMФ и понатаму ќе и помага на Грција

Меѓународниот монетерен фонд нема да се повлече од финансирањето на Грција, за грчкото радио Скај изјави германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле.

-Не станува збор за повлекување на фондот, се слушаат многу верзии, се бараат претпоставки, се зборуваат најразлични работи, а потоа се утврдува дека нештата се поинакви. Оваа нервоза, оваа хистерија е голем проблем. Само со мир и со надеж можат да се привлечат инвестиции, а инвестициите се неопходни за создавањето нови работни места. Сето ова зборување треба најпосле да запре, посочува Вестервеле.

Инаку, Вестервеле вчера беше во посета на Атина.

ФОТО: Нова Тв

најчитано сега