Црногорец преживеа удар од гром

Црногорец преживеал удар од гром додека собирал сено. Се работи за 22-годишниот Адмир Личина кој заедно со уште еден роднина собирал сено кога гром удрил во нив.

-Почувствував струја во левата нога. Се свртев и го видов Адмир како паѓа од сеното, како рафал од пушка да го покосил.

Адмир не давал никакви знаци на живот, односно не дишел и немал пулс, наведува неговиот татко.

-Мислев дека го загубив синот и оддеднаш се ми стана црно пред очите. Во текот на транспортот, меѓутоа, не се откажавме од двањето вештачко дишење и масирање на градите, така што Адмир на половина пат до болница повторно почна да дава знаци на живот,по што и сосема се освести, наведе таткото.

ФОТО: Ерепортер