ЕУ и ОН ја осудија ескалацијата на насилството во Украина

 

ЕУ и Бан Ки-мун го осудија синоќа новиот бран насилства во Украина каде десет лица смртно настрадаа во новите судири на прорускиот бунтовнички исток, додека Москва го обвини Киев дека подготвува офанзива.

- Ја осудуваме неодамнешната ескалација на судири кои продолжија во ноќта од неделата кон понеделникот, изјави портпаролката на ЕК Кетрин Реј.

Таа ги повика борците да го почитуваат „во целост прекинот на огнот“, на сила од средината на февруари и да „преземат соодветни мерки за заштита на цивилите“.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун рече дека е „многу загрижен поради неодамнешната ескалација на истокот на Украина“, оценувајќи го неприфатливо постојаното кршење на прекинот на огнот.

 

 

Оцени ја веста

18.08.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега