ВИДЕО: Неверојатни скокови од Стариот мост во Мостар
Стариот мост во Мостар беше домаќин на најдобрите скокачи на светското првенство Red Bull Cliff Diving. За време на три секунди долгиот лет, скокачите ја воодушевија публиката со своите скокови, а достигнуваа брзина од 90 километри на час.
Четиринаесет скокачи користеа некои од 119 можните свртувања во воздух, а судиите освен тоа го оценуваа и одразот односно нурнувањето во водата.
Традицијата на скокови од Стариот мост датира од пред 450 години, а на него момчињата ја докажуваат својата храброст скокајќи во Неретва од 27 метри висина.
Оцени ја веста
17.08.2015 - 19:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа